Ретко кој знаеше и пишуваше за 22 годишното момче кое со своите игри блесна овој викенд на стадионот Вембли во финалето од ФА Купот, а одбранбените играчи на скапиот состав на Сити имаа многу проблеми да го сопрат во неговите налети.
Мекманаман има само 22 години и е производ на Евертон каде за прв пат почна да ја шутира топката и каде се калеше 9 години. Во 2007 година беше ослободен и се приклучи во младинскиот погон на тимот од каде по 2 години дебитираше во Премеир лигата.
„Бев во тинејџерските состави на Евертон уште од 7 годишна возраст и кога ме ослободија многу тешко го надминав тој период, па дури и бев во состојба да се откажам од фудбалот. Кога ми се појави можноста да продолжам во Виган не размислував многу и веднаш ја прифатив понудата", раскажува младиот талент.
Откако му се наметна на Робертно Мартинез, Мекманаман стана најмладиот играч на Виган кој заиграл за првиот состав, но што е најважно тој веднаш оставил впечаток и одиграл на највисоко ниво. Талентот кој го покажал во првите две сезони му ги отвориле вратите и во националниот тим за Светското првенство до 20 години и многу често добивал пофалби од неговиот тренер.
„По мечот против Арсенал во Лига Купот ја забележав неговата голема желба за угра. Тој покажа магичен допир со топката, многу квалитети и интелегенција во играта, што е реткост за играчи на негова возраст, изјави стратегот на Виган“, Роберто Мартинез.
Во меѓувреме Мекманаман 3 месеци настапуваше како позајмен играч во Блекпул каде одигра 14 натпревари и постигна 2 гола, но сега е незаменил на крилната позиција на Виган, каде заедно со Бен Вотсон, стрелецот на голот против Сити, беа главни актери во финалето од ФА Купот.
Следниот предизвик за брзото крило е да му се наметне на селекторот Рој Хоџсон за место во националниот тим, но најпрвин треба да видиме и кој дрес ќе го облече следната сезона. Со оглед на тоа што Виган не успеа да избори опстанок во Премиер лигата, сигурно дека не заслужува да остане во второлигашко друштво.
Својот талент, младиот англичанец можеби го наследил од својот подалечен роднина Стив Мекманаман кој го паметиме како голем играч во екипите на Ливерпул и Реал Мадрид.