Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Антиќ победи во Сиена, Мекејлеб повторно загуби

Во 11-то коло од Топ 16 фазата на најелитното европско кошаркарско клупско натпреварување, Олимпијакос со пресврт триумфираше во Сиена, а Фенербахче забележа уште еден пораз.

Со Металург нема играње играчки

Нашата ракометна гордост е пред голем чекор да испише нова историја во македонскиот машки ракомет. Во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите, во Белорусија падна тимот на Динамо Минск кој беше тотално надигран и совладан со 26:23. 

Шахин се предомисли

Вртикапата Нури Шахин како позајмен играч од Реал Мадрид минатата година премина во Ливерпул каде помина 6 месеци кои му беа доволни за целосно да го смени неговото мислење за тренерот Брендан Роџерс.

Претседателот даде гол

На Џејми Естрада, момчето за кое пишувавме дека на 28 години од претседател на еквадорскиот клуб Манта стана играч, не му требаше многу време да го постигне дебитантскиот гол. Влезе во игра во 85 минута и по само 2 минути ја затресе мрежата на Ел Национал.

Нотс Каунти расте трева со ламби за канабис

Најстариот фудбалски клуб на светот од локалната полиција доби на подарок запленети ламби за одгледување на канабис кои ќе ги користат за да си ја растат нивната трева. Не таква трева каква што вие си мислите.

Стеауа во обид да го понижи Челси

Романскиот претставик Стеауа Букурешт каде настапува нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски гостува на „Стемфорд Бриџ" со минимална предност од 1:0 од првиот дуел. Тотенхем е најблиску до четвртфиналето и во Милано патува со предност од 3:0.

Скок од 5 позиции на ФИФА ранг листата

Македонија продолжува со напредокот на ФИФА ранг листата. На последното рангирање, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет позиции и се искачи на 73-то место.

Новиот папа навива за Сан Лоренцо

Римокатоличката црква доби нов папа, а на медиумите не им требаше многу време да прочепкаат низ минатото и да ги дознаат сите детали за Хорхе Бергољио, па дури и за кого навива. Фрањо I е голем навивач на Сан Лоренцо, а има тренирано кошарка.

Баерн едвај преживеа, Малага го елиминираше Порто

Фудбалерите на Баерн Минхен имаа огромна предност по првиот натпревар во Лондон, но малку фалеше да ја прокоцкаат. Дебитантот Малага успеа да го победи Порто со 2:0 и избори историски пласман во четврт финалето на Лигата на шампиони.

Некогаш силниот и опасен Арсенал

Арсен Венгер често пати е критикуван од англиските медиуми поради начинот на кој го гради тимот кој не носи успеси веќе 8 години. Со најквалитетните играчи кои ги имаше во 2005 година и со кои го освои последниот пехар, можеше слободно да состави два тима од кои повеќето беа врвни играчи.

Најлошиот женски фудбалски тим изгуби со 43:0

Запознајте ги девојките од фудбалскиот клуб Керфили Кесл од Велс. По 10 одиграни натпревари тие се на последното место во женската Премиер лига на Велс со гол разлика -218 и во моментов се најлошиот женски фудбалски тим на планетава.

Сув лист од скоро 40 метри

Голчиштето од слободан удар ни доага од Парагвајското првенство, а мајсторот се вика Фидел Пино кој со ова ремек дело е најзаслужен за победата на Депортиво Капиата на гостувањето против Серо Портењо. Од ефето со кое се движеше топката очекувано најмногу се збуни голманот.

Барселона и папите

Кардиналите на Римокатоличката црква ја продолжија конклавата во Ватикан за избор на нов папа, а синоќа Барселона го победи Милан со 4:0. Овие факти се дел од најневеројатниот статистички податок во фудбалот.

Арсенал во тешка мисија, Малага со историска шанса

Натпреварите Арсенал-Баерн Минхен и Малага-Порто ќе ги дадат последните два патника во големата осумка од Лигата на шампионите. Топџиите имаат негатива од 3:1 по првиот дуел на „Емирати", а Порто има минимални 1:0 против дебитантот во ова натпреварување.

Навивачи на Галатасарај копале тунел за влез на стадион

Група навивачи на Галатасарај кои немале среќа да стигнат до влезница за натпреварот против Шалке, биле фатени како копаат тунел во обидот да влезат на стадионот во Гелзенкирхен.

Катар ќе прави фудбалска лига со светски гиганти

Катарците имаат желба да станат светска сила во фудбалот и ќе ги искористат своите потенцијали (читај пари) да си ја исполнат желбата. Го добија (читај купија) Светското првенство во 2022, а сега сакаат да си направат лига во која ќе играат најдобрите 24 фудбалски клубови од светот.

Првиот гол во кариерата на Траоре

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џими Траоре постигна прекрасен гол за Сиетл на натпреварот против Тигрес во рамките на Лигата на шампиони на Северна и Централна Америка. Верувале или не, ова е прв гол во кариерата на Траоре на официјален натпревар.

Барселона ја сруши и традицијата и Милан

Барселона е првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 2:0 во Лигата на шампионите и со двата гола на Меси, Виља и Алба го декласираше Милан со 4:0, резултат кој ги одведе во четвртфиналето. Сензација на гостински терен направи Галатасарај кој со 3:2 го победи Шалке.

За 13 фунти го спасил името на клубот

Верен навивач на англискиот клуб Кардиф Сити кој е на челната позиција во Чемпионшип лигата, на мудар начин го измами газдата Винсент Тан кој сакаше да го смени името на клубот.

Тикет на колото

Изминатото коло за време на богатата викенд понуда со националните првенства, повторно тикетот беше недобитен само поради еден промашен пар. Малерот ќе се обидеме да го разбиеме со натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Алекс Фергусон ќе го спасува поранешниот клуб

Најуспешниот тренер во историјата на англискиот фудбал реши да го спаси од финансиска криза шкотскиот второлигаш Данфермлин, клубот со кој тој го имал потпишано првиот професионален договор и каде настапувал пред скоро 50 години.

Вака се заработува доживотна суспензија

Поранешниот член на Њујорк Никс и Денвер Нагетс, Реналдо Балкман заработи доживотна суспензија од филипинската кошарка откако на еден натпревар во локалната лига целосно здиве и по расправијата со судиите и својот тренер, фати за гуша еден свој соиграч.