За прв пат во историјата на едно Светско првенство за играчи до 20 години, на 19-то издание на овој турнир кое се одржува во Турција, пласман не успеаа да изборат најуспешните Бразил и Аргентина кои заедно имаат освоено 11 титули.
Наместо нив, од Јужна Америка се квалификуваа Чиле, Колумбија, Парагвај и Уругвај, а од останатите континенти помеѓу другите, пласман изборија и Ирак, Узбекистан, Куба, Ел Салвадор...
Првото изненадување во групната фаза се случи со елиминацијата на Англија која заврши последна во групата каде на прво место се најде Ирак.
Во првото елиминациско коло Узбекистан ја елиминираше Грција, Гана беше поуспешна од Португалија, Хрватска е елиминирана од Чиле, а Парагвај загуби од Ирак.
Во четвртфиналето се пласираа само 2 репрезентации од Европа (Франција и Шпанија), а дури 3 од Азија.
Најинтересни беа дуелите помеѓу Јужна Кореја и Колумбија, како и дуелот помеѓу Гана и Португалија. Јужна Кореја ја елиминираше Колумбија дури по 9 серии на пенали, а на натпреварот помеѓу Гана и Португалија кој заврши со резултатот 3:2 имаше неколку интересни ситуации.
Најпрвин по само 10 секунди игра, Португалецот Аладје имаше неверојатно промашување
а во 19-та минута Кенеди Ашија постигна прекрасен гол за Гана
