Поранешен премиерлигаш ќе игра на стадион колку „Тумбе кафе“

Не се работи за некој гигант на европскиот фудбал, но фудбалот во Англија е како религија и во најниските лиги. Навивачите и неколку поранешни играчи на Ковентри жестоко реагираа по одлуката клубот да ги игра натпреварите од наредната сезона во друг град на само 20 км оддалеченост.

Фудбалскиот клуб Ковентри кој беше дел и од Премиер лигата е на мака веќе подолго време, а во наредните 24 часа најверојатно ќе потпише договор со стадионот „Сиксфилдс" во Нортемптон каде ќе треба да ги игра натпреварите во наредните 3 години.

Ковентри ги игра натпреварите на Рико Арената со капацитет од 32.609 седишта, но поради спорот помеѓу сопствениците со надлежните на стадионот навивачите ќе бидат приморани да патуваат 20 километри до Нортемптон доколку сакаат да го бодрат својот клуб.

Верната публика на овој клуб организараше петиција на која се потпишаа 12.000 фанови кои се противат Ковентри да се сели во друг град, но по се изгледа дека тоа нема да им помогне. Разликата помеѓу овие два стадиони е доста евидентна.

Рико Арена
Отворен: 2005 година
Капацитет: 32.609 гледачи
Цена: 113 милиони фунти
Просечна посетеност во 2012/2013: 10.973

Сиксфилдс
Отворен: 1994 година
Капацитет: 7653 гледачи
Цена: 6 милиони фунти
Просечна посетенот: 2012/2013: 4826 

Ковентри е дел од третата англиска лига, а Нортемптон е четвртолигаш, но дополнителен проблем за двете екипи ќе биде тоа што според календарот на новата сезона тие се поклопуваат со датуми уште во првото коло на 10 август, а потоа играат во ист ден уште 5 меча на домашен терен.

Навивачите најверојатно ќе мора да се стрпат во наредните 3 години додека се гради новиот стадион на нивниот омилен клуб, а доколку сето ова се официјализира останува да видиме дали овој навивач ќе си го одржи ветувањето.

4 јули 2013 - 20:12