Пад од 14 позиции на фудбалската репрезентација

По скокот од 6 позиции остварен минатиот месец, фудбалската репрезентација на Македонија на последното рангирање на ФИФА листата забележа вртоглав пад од 14 позиции.

Минатиот месец македонската фудбалска репрезентација забележа два порази на скандинавската турнеја. По поразот од Норвешка со 2:0 и Шведска со 1:0, Македонија забележа пад од 14 позиции на ФИФА ранг листата и со 395 поени сега се наоѓа на 92-то место.

Најдобро рангирана репрезентација од нашата квалификациска група за Светското првенство е Хрватска на 8-та позиција, а Белија влезе во Топ 10. Србија е на 41-то место, Велс на 46-то, а Шкотска на 50-та позиција.

Шпанија остана на првата позиција пред Германија, Колумбија, Аргентина и Холандија. Следат Италија, Португалија и Хрватска, а Бразил конечно се врати во Топ 10 и од 24-та скокна на 9-та позција.