Полуфиналистката Лисицки е алергична на тревата на Вимблдон

Убавицата Сабине Лисицки која стана сензација на Вимблдон, до пред некое време губела на натпреварите кои се играат на тревнати подлоги затоа што е алергична на трева. Енергичната Германка има проблем и со својот темперамент и менува тренери како чорапи.

Откако ја елиминираше шампионката Серена Вилијамс во осминафиналето, а потоа без проблем ја победи и Канепи за влез во финалната четворка, Сабине Лисицки стана фаворит број 1 за освојување на Гренд слем турнирот во Вимблдон.

Германката има одлично издание на тревнатата подлога, посебно ако се знае дека таа е алергична на трева.

Порано мразев трева. Имам силна алергија на трева и треба да пијам лекарства за да играм. Многу често кивам кога играм на трева, но се научив да се справувам со тој проблем", изјави 23 годишната Германка.

Освен со алергијата, таа има проблем и со тренерите. Освен нејзиниот татко Ричард, таа секогаш има и втор тренер, но заради темпераментната фамилија Лисицки, ниту еден не се задржува долго во нивниот тим. Само во последните шест месеци, таа смени четворица тренери.

3 јули 2013 - 15:07