Се работи за 39 годишниот Фабијан О'Нил кој во периодот од 1996 до 2002 година настапувал во Серија А за екипите на Каљари, Јувентус и Перуџа. Во Италија во последните неколку години се открија два големи скандали со наместени натпревари познати како „Калчополи" и „Калчоскомесе", но еве уште некои детали за местенки кои не сме ги знаеле.
Пензионираниот фудбалер кој настапувал и за уругвајската репрезентација наместил два натпревари во италијанското првенство, едниот со екипата на Каљари, а другиот со Перуџа. Деталите ги раскажува за Montevideo.com.uy и calcionews24.
„Сам ги наместив натпреварите во Италија. Кога игравме против Киево и на двете екипи ни требаше по еден бод за да се спасиме од испаѓање, и затоа го наместиме натпреварот да заврши нерешено, а клубовите ни поделија по 60.000 долари за секого".
„Разговарав со нивниот капитен и потоа сите се обложивме на реми. Во 87 минута еден од нашите играчи даде гол од 40 метри и поведовме со 2:1, но тоа не смееше да се случи. Потоа му реков на дефанзивецот Диего Лопез дека мораме да примиме гол инаку ќе не убијат. Тој загуби една топка на нашата половина и резултатот на крај беше 2:2", раскажува О'Нил.
Оваа местенка се случила на 14 јуни 1998 година, а сега Диего Лопез е помошник тренер во тимот на Каљари. Вториот натпревар го наместил додека бил капитен на Перуџа во 2002 година откако го напуштил Јувентус.
Контроверезниот Уругваец не бил само по местенките, туку раскажува и како го натепал Џенаро Гатузо.
„Гатузо често пати ги провоцираше фудбалерите од Јужна Америка, и му реков дека ако продолжи ќе го тепам . Во еден дуел го удрив и очекував да ми врати. Ме гледаше со убиствен поглед, продолживме да се вреѓаме, а потоа му удрив уште еден бокс“.
Фудбалерот кој играл во средниот ред често пати претерувал и со пиењето, а тоа го докажувале и тестовите кои им ги правеле во Серија А.
„Пиев многу во тоа време и имав проблеми со тестирањата, но во Каљари тоа не ми претставуваше проблем затоа што претседателот на клубот ме обожуваше. Во Јувентус не беше така, затоа што секој месец ни правеа испитувања на крвта и јас имав најмногу проблеми со холестеролот. Докторот ми рече дека не треба повеќе да играм фудбал".
Фабијан О'Нил се сеќава и дека бил на забава во куќата на Филипо Инѕаги каде имало многу девојки од популарните тв емисии. Се забавувал, пиел многу пиво, но бил единствен кој немал секс со нив.
Наредниот ден на сопругата и ги покажал на тв, но и раскажал дека бил единствен кој и останал верен.