Фудбалерот од Бразил, Бруно Винисиус Соуза Медеирош беше член на младинските академии на Реал Мадрид веќе 3 години, но не доби нов договор заради неговите навредливи твитови.
Тој на својот Твитер профил најпрвин се шегувал на сметка на голманот на Реал Мадрид, пишувајќи „Касиљас игра многу... само не игра фудбал", а запрашан за неговиот коментар, младиот напаѓач одговорил „Не го исмевам, туку само го поддржувам Мурињо".
Поранешниот член на Реал Мадрид Ц тимот потоа напишал и дека играта на Шпанија на Купот на конфедерациите е патетична, но откако добил многу негативни коментари тој не само што ги избришал твитовите, туку и го сменил своето корисничко име.
Но неговите пораки ги прочитале многу навивачи на Реал Мадрид и набргу биле објавени во шпанските медиуми, па Реал Мадрид реши да не му го обнови договорот.