Реал Мадрид е најомразен, Барса најомилена во Шпанија

Според истражувањето на шпанскиот весник AS, најантипатичен тим за Шпанците и натаму е Реал Мадрид, а нивниот ривал Барселона води според популарноста.

Барселона и натаму е најомилен тим помеѓу фудбалските фанови во Шпанија, а омразата кон Реал Мадрид расте во споредба со истото истражување на AS од пред две години.

Анкетирани биле по 70 навивачи на стадионите на сите прволигаши и второлигаши во Шпанија, а тие освен за тимот за кој што навиваат, одговарале и кои им се други омилени клубови, како и најомразени.

41% од испитаниците ја вклучиле Барселона помеѓу омилените тимови, а Реал Мадрид 34%. Разликата од 7% е иста како и во 2011-та година.

Трет најомилен тим во Шпанија е Атлетико Мадрид со 21% пред Атлетик Билбао со 18% и Бетис со 14%. Валенсија пред две години беше трет најомилен клуб во Шпанија, но по продажбата на многу фудбалери тие паднаа на шестата позиција со 13%.

Дури 55% од испитаницита го вбројале Реал Мадрид помеѓу омразените клубови. Омразата кон Реал Мадрид за две години пораснала за 4% затоа што во 2011-та година овој клуб бил антипатичен за 51% од анкетираните Шпанци.

Барселона ја мразат 40% (исто како и во 2011-та), а следата Атлетик Билбао (27%) и Севиља (26%).

3 јули 2013 - 10:05