Корејски ферплеј

Во последно време се почесто сме сведоци на неспортско однесување на фудбалските терени, па убаво е кога ќе видиме ваква фер-плеј сцена како во последното коло од корејската лига.

На натпреварот помеѓу Чонбук Моторс и Сеонгам, гостите имаа водство од 1:2 во 77-та минута кога на еден фудбалер му се укажуваше лекарска помош и играта беше во прекин.

При враќањето на топката, домашниот фудбалер пресилно шутна кон голот на домаќините и постигна гол за израмнување на резултатот.

Фудбалерите на Чонгам веднаш го признаа нефер потегот и решија да си постигнат автогол за ново водство на Сеонгам од 2:3.

Оваа нивна фер-плеј одлука ги чинеше и бод затоа што тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

 

4 јули 2013 - 15:22