Италијански петтолигаши демонстрираа неверојатен спортски дух и ферплеј откако смотаниот голман на Ферсина и подари гол на екипата на Дро чиј фудбалер само сакаше да ја врати топката која беше исфрлена во аут заради повреден играч.
Во жарот на големата 90 минутна борба во фудбалот тешко е истовремено да мислите и на целосно чиста игра без сторен прекршок. Некои се служат само со ситни фаули поради кои не влегуваат во бележникот на судијата, но тие се многу ретки.
Младинските фудбалери на Сирија имаат уште многу да учат. И покрај тоа што при претходен прекин првичната намера им беше да му ја вратат топката на голманот, тие го совладаа и се избламираа. Тоа не смени многу во резултатот затоа што Кореја победи со 2:1.
Емотивно видео со хуманиот дел во спортот и некои фер плеј потези кои се за пример. Меѓу актерите покрај атлетичари, боксери и тенисери ги има и Роналдо, Роналдињо, Пујол, Ди Канио, Кан...
На натпревар во Саудиска Арабија се случи еден несвојствен потег за фудбалот. Напаѓачот се покажа како доста љубезен па зема да му ги врзува врвците на противничкиот голман, судијата тоа го протолкува како задржување време, но целиот чин на крај заврши со фер плеј.
Бирмингем ја елиминираше екипата на Јеовил од англискиот куп по изведување на пенали, но драмата на натпреварот се одвиваше претходно. Јеовил му подари гол на Бирмингем откако тие постигнаа погодок на неџентлменски начин.
Во последно време се почесто сме сведоци на неспортско однесување на фудбалските терени, па убаво е кога ќе видиме ваква фер-плеј сцена како во последното коло од корејската лига.
До сега невиден пример на фер-плеј потег во фудбалот. Челниците на женскиот фудбалски клуб Лион им понудија на нивните колеги од Монпеље преигрување на полуфиналниот дуел од купот кој тие го добија затоа што судијката го уништи натпреварот.
Фудбалерите на турскиот четвртолигаш Чанакале Дарданелспор си постигнаа автогол откако по грешка им дадоа гол на Ерзурумспор наместо да им ја вратат топката.