Клучниот момент од натпреварот се случи неколку секунди пред крајот на регуларниот дел од натпреварот при водство на Бирмингем од 1:2 на гостувањето кај Јеовил.
Голманот на Бирмингнем ја исфрли топката во аут заради повреда на фудбалер, но наместо да му ја врати, Бајрон Вебстер од Јеовил му ја смести во мрежата за 2:2.
Со овој резултат се отиде во продолженија, а во 105. минута Јеовил поведе со 3:2, но веднаш потоа нивниот тренер Гери Џонсон го направи најферскиот потег. Тој им нареди на фудбалерите на Јеовил да им дозволата на противниците да постигнат израмнувачки гол за конечни 3:3 по двете продолженија.
Фер-плеј потегот на тренерот на Јеовил се покажа како фатален за неговата екипа затоа што Бирмингем славеше по изведувањето на пеналите.
Спорниот момент почнува на 2:41