Фудбалерите на Сиони Болниси ја исфрлија топката во аут за да му се укаже лекарска помош на еден повреден фудбалер, но кога играта продолжи, Шпанецот од Динамо, Сиско Муњоз несакајќи го лобуваше противничкиот голман и постигна гол од 35 метри.
Сепак приказната имаше среќен крај откако фудбалерите на Динамо Тбилиси му дозволија на играчот на Сиони да се прошета во противничката половина и да го израмни резултатот.
На крајот Сиони победи со 2:1 со гол во 87-та минута.