Финците играат нај ферплеј фудбал

Трите земји со најголем фер плеј ќе добијат место повеќе во квалификациите за Лигата на Европа.

Според моменталната табела „Фер Плеј УЕФА" која е направена врз база на одиграни натпревари под капата на Европската куќа на фудбалот, Финска се наоѓа на првата позиција, втора е Норвешка, а трета Шведска.

УЕФА ги пресмета сите 1597 одиграни натпревари под нивна организација во периодот од 1 мај 2013 година, а табелата е направена само со земјите чии клубови одиграле минимум 30 натпревари.

Фер плејот на екипите се пресметува според респектирањето на противникот и судијата, бројот на жолти и црвени картони, како и однесувањето на публиката и раководните луѓе на клубот.

Конечната табела ќе биде позната на 1 мај оваа година, а трите земји со најголем фер плеј ќе бидат наградени со по едно место повеќе во квалификациите за Лига Европа.

Македонија во моментов се наоѓа на 43 позиција од вкупно 54 земји.

Целата табела тука.

14 јануари 2014 - 16:50