Само шестмина фудбалери од италијанското фудбалско првенство може да се пофалат со чиста игра од минимум 1000 одиграни минути во кои успеале да одиграат без да добијат ниту еден жолт картон.
На првата позиција е членот на Парма, Џонатан Бијабијани кој не вклучувајќи ги голманите, одиграл 1646 минути во Серија А без да добие ниту еден жолт или црвен картон.
За пофалба се играчите кои се наоѓаат на втората и третата позиција со оглед на тоа што играат во дефанзивната линија. Втор “најкоректен“ играч во дуелите е Алесандро Агостини од Верона со 1400 одиграни минути без картон, а трет е Ингацио Абате од Милан кој па во Лигата на шампионите има добиено два жолти картони за 383 минути.
На четврто место е фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Жоакин, а по него следуваат Ачерби од Сасуоло и Гонзалес од Лацио.
Фудбалерот кој најмалку размислува на каков начин прави прекршоци е Словенецот Бостјан Цезар од екипата на Киево кој важи за најгруб играч и тоа во конкуренција на петте најсилни европски лиги со до сега 15 жолти картони.
Пример за фер плеј веќе години наназад во фудбалот е дефинитивно Хавиер Занети кој и покрај тоа што играше на повеќе позиции во одбраната и средниот ред, првиот црвен картон добиен по два жолти во низа го доби во декември 2011 година по дури 548 одиграни меча во Серија А.