Таг: жолт картон

Гаф во лига на шампиони: Судија, а ти знаеш да броиш?

Мечот меѓу Динамо Киев и Бенфика во 1. коло од Лига на шампиони заврши без голови, ама ќе се памти по еден забавен судиски гаф.

Сјајна фора како да наместиш голман да добие жолт картон за задржување

Во португалската трета лига, навивачите на Калдас СК смислиле одличен начин како да го убедат судијата да му извади жолт картон на голман додека задржува време. Бројат секунди додека овој се спрема да изведе топка од гол-аут. Му изброија до 20.

Коментатор на ЕСПН се опушти во пренос во живо

Човекот е 100% прав иако тоа не го изведе на префинет начин. За време на пријателската пред Евро2020 меѓу Франција и Велс, а која домаќините ја добија со 3:0 (Мбапе, Гризман, Дембеле), ѕвездата на ПСЖ во еден момент проба да изглуми пенал. Еве што имаше да му каже коментаторот од ЕСПН.

Ќе добиеш жолт картон само почекај да го земам од соблекувална

Брцни во заден џеб нема, во преден пак ништо. Еден памет, што да правам. Ај почекај ме тука. Мечот е Царско село Софија 2015 против ЦСКА Софија од првата бугарска лига.

Знаете ли дека жена прва измислила жолт и црвен картон?

Картоните одамна се нераздвоен дел од фудбалот. Секој човек, дури и оној кој не следи спорт, одлично знае за што е жолт а за што црвен картон.

Ништо чудно ко ќе продолжи фудбалот да даваат жолт картон за плукање

Фудбалот чека враќање после карантин: некои лиги веќе ја завршија сезоната, но повеќето европски првенства планираат да ги доиграат колата летово. Коронавирусот силно ја смени реалноста во спортот.

Што сум ти згрешил бе мајсторе?

Руското првенство е едно од малкуте кои преостанаа да се играат во Европа. Битките со короната не знаеме како ги водат, ама овие на терен како да ви кажеме. Ова е од мечот Ростов - Локомотив Москва и замислете помина само со жолт картот. Коментаторот не можеше да се доначуди.

Дали ова во Унгарија е најбрзиот жолт картон во историјата?

Центарфорот од Босна и Херцеговина, Армин Хоџиќ игра за Фехервар во унгарското првенство. На дуелот против Залаегерцег кој заврши 3:3, Хоџиќ доби жолт картон буквално во 3 секунда од мечот.

Кога Гаскоњ му даде жолт картон на судијата, па доби жолт за тоа

Ден-денес на северната трибина од стадионот „Олимпико“ во Рим се вее барјак со неговиот лик. Навивачите од цел свет, без разлика за кого и каде играл, го почитуваат бескрајно.

Фудбалер на Витезе му покажа жолт картон на судијата за глума

Наварон Фор од холандскиот Витезе во 61’ минута од средбата со Твенте влезе во еден дуел во кој се најде и главниот судија кој падна на земја. Кога станаа играчот му здрпа картон на судијата и го опомена.

Фудбалер на Бешикташ би можел да заврши во затвор поради жолт картон

Во прв момент жолтиот картон кој го добил и кратката полемика со судиите изгледала како и секоја друга на фудбалски натпревар. Но не било баш така.

Арам да ти е што му даде жолт за прославата

На првиот меч од 16/финалето во Копа Либертадорес, Максимилијано Фреитас со првиот контакт со топката откако влезе во игра му донесе победа од 2:0 на неговиот Ориенте Петролеро против Универзитарио де Перу и знаеше како да го прослави важниот гол.

УЕФА го истражува намерниот жолт картон на Карвахал

Десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија буквално 20-ина секунди глумеше дека изведува аут и тоа во судиското продолжение при водство од 0:6 на неговиот тим. Поради овој жолт картон, Карвахал има три по ред и ќе го пропушти последниот дуел со Дортмунд во Мадрид. Свесно и намерно или не одлучете сами.

Нејмар има повеќе жолти картони и од Пепе

Во неделниот класик на францускиот фудбал Марсеј - ПСЖ, Нејмар доби два жолти картони за пар минути и прво исклучување во дресот на Парижаните. Со овие картони „О’Неј“ на 25 години и 526 меча во кариерата собрал вкупно 8 црвени и 138 жолти картони. Колку за споредба силеџијата Пепе на 530 меча добил 123 жолти и 9 црвени картони.

Клатенбург тргнал да суди без картони

Исто ко мајстор да тргне без алат, така и најдобриот англиски судија Марк Клатенбург дојде на еден натпревар од Премиер лига без картоните. Па кога тргна да подели некој жолт сфати дека ги заборавил.

Мурињо знае како треба со деца

Пред мечот Блекбурн - Манчестер Јунајтед, едно од децата кои излегуваат под рака со фудбалерите од соблекувалната им кажа на судиите да не им даваат жолти и црвени картони на Роверс, туку на Јунајтед. Реакцијата на Мурињо беше невообичаена за него.

Колку треба да си глуп да добиеш два жолти за 28 секунди

Дортмунд синоќа одигра 1-1 против Херта во осминафиналето на Купот, па се играа продолженија па на пенали Борусија победи 3:2. Во продолженијата Гркот Сократис Папастатопулос (капитен на тимот) доби два жолти и црвен во рок од 28 секунди. Ништо поарни не беа ниту Куцка и Палета од Милан.

Во Англија намерно добиваат жолт, за да одмораат за Божиќ

Англиските клубови цела недела играат беспоштеден празничен фудбал. Саутемптон на пример одигра 3 меча за 117 часа (Челси имаше среќа па одигра 3 меча за 223 часа). Boxing Day е вистинско уживање за гледачите ширум светот, но дали и за играчите?

Најдобрата судиска проценка за соблекување дрес

Во сите лиги е установено дека ако играчот го соблече дресот за прослава на гол, веднаш добива жолт картон, но во овој случај судијата оправдано му рече „извини“ на правилото, ама овој пат јас сум во право.

Му даде жолт картон затоа што изведуваше глупости

Па дури и ако судијата ги прекршил правилата на фудбалот, никој нема да му замери поради тоа што му даде жолт картон на Сипо Моети од Јужна Африка затоа што при водство од 3:0 на неговиот тим, тој го понижуваше противникот со глупаво однесување.

Новите правила во Премиер лигата

Доколку двајца или повеќе играчи се соберат околу судијата, тој ќе има право да извади минимум еден жолт картон, а оној ќе пцуе ќе оди под туш.

Два жолти картони за помалку од минута

На САД добро им оди на Копа Америка каде се изборија за осминафинале против Еквадор, но колку треба да не пазиш за да направиш вакви два несмасни стартови и потоа да те избркаат и следниот меч да го гледаш од трибина. Се работи за бекот на САД ДеАндре Једлин, кој е член на Тотенхем и е на позајмица во Сандерленд.

Светски рекорд, жолт картон за две секунди

Играч на Јужноамериканскиот тим Америка де Теофило Отони после само две секунди од почетокот на мечот влезе во бележникот на судијата и го сруши досегашниот рекорд.

Мижи и бирај си картон

Ова можеби ќе ви личи на пародија, ама сепак се има случено во Јапонија.