Му играа криенка на судијата за да не добијат жолт

Бразилската втора лига ни носи сцена досега невидена ниту на јуниорски фудбал. Судијата им покажа жолти картони на сите резервни играчи на ЦРБ или барем на тие што ги виде, бидејќи истрчаа на терен за да прослават гол во победата од 4-2 над Понте Прета. Двајца на стадионот Реј Пеле се криеја зад рекламните табли како да се во градинка. Сепак, во извештајот од натпреварот и кај нив стојат жолти картони.

26 мај 2026 - 11:56