Бекот на Бешикташ, Чанер Еркин имаше кратка, тромесечна авантура во Интер каде дојде како засилување, но само тренираше, одигра некоја пријателска и потоа се врати во Турција каде потпиша со клубот од Истанбул. Сево ова од први јуни до крајот на август 2016.
Но тоа е малку важно во однос на тоа со што се соочува стандардниот турски репрезентативец.
На 23. октомври 2017-та на дербито од турската Супер Лига Бешикташ - Башакшехир кој заврши 1-1 со голови во самиот финиш (89-та и 92-ра), левиот бек Чанер Еркин во 87’ минута добил жолт картон па почнал да го навредува судијата Калкаван и неговите помошници.
ПОСЛЕДИЦИ
По навредите поради кои и добил жолт картон, Дисциплинската комисија на турската фудбалска федерација го казни Еркин со дури шест меча суспензија и 100.000 евра парична казна.
Чанер некако се помирил со оваа казна која ни за еден добростоечки фудбалер не е наивна, но го шокирала веста која пред неколку дена ја стигнала од турскиот суд - Чанер Еркин ќе мора да се појави пред судија на распит. Обвинителите го гонат за „навреда на службено лице во извршување должност“ каков што е фудбалскиот судија. На фудбалерот сега му се заканува 2-годишен затвор.
Навивачите на Бешикташ кој жестоко се бори за титулата со Башакшехир, Фенербахче и Галатасарај, протестирале против одлуката и пројавиле сомнеж дека во позадина на ова стои владата.
Сопственикот на Башакшехир, богатиот клуб од Истанбул е Ѓоксел Гумусдаг, богат бизнисмен и зет за внука на претседателот Ердоган.
Во турската фудбалска лига никогаш од основањето не била понеизвесна трката за титулата - рамноправно за трофејот конкурираат и Бешикташ и Галатасарај и Башакшехир и Фенербахче.