Премиер лигата, Англиската фудбалска лига (Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2) и Фудбалската Асоцијација на Англија пуштија соопштение во кое велат дека лошото однесување во англискиот фудбал достигна неприфатливо ниво.
Плановите им се да се намали „неподносливото однесување“ од страна на играчите и тренерите со помош на заострување на правилата околу доделување на жолт и црвен картон.ѓ
Ниту еден играч во последните пет сезони не добил црвен картон во Премиер лигата за пцуење на судија. Со новите правила тоа нема повеќе да се толерира.
„Нашиот заеднички став дека не треба да се толерираат некои видови на однесувања. Тоа се случува за време на „жешките моменти“ на терен. Се уште сакаме навивачите да уживаат во фудбалот, но играчите и тренерите треба да бидат свесни дека постојат линии кои не треба да се поминат“, вели претседателот на Премиер лигата, Ричард Скадамор.
Прекршоци по кои играчите би можеле да заработат жолт картон:
-Видно срамно однесување на било кој официјален натпревар.
-Агресивен одговор на судиска одлука.
-Конфронтација со судија еден на еден.
-Навредлив јазик или гест кон судија
-Физички контакт со судија на не агресивен начин
-Жолт картон за најмалку еден играч кога двајца или повеќе играчи опкружуваат судија.
Прекршоци за црвен картон:
-Ако играч се конфронтира со судија и користи навредлив јазик или гест кон него.
-Физички контакт со судија на агресивен начин или со конфронтирачки манири.