Знаете ли дека жена прва измислила жолт и црвен картон?

Картоните одамна се нераздвоен дел од фудбалот. Секој човек, дури и оној кој не следи спорт, одлично знае за што е жолт а за што црвен картон.

Картоните се воведени пред 50 години, а позадината е мошне интересна. Првите картони во боја во фудбалот биле применети во 1970-та година. До тој момент судиите усмено ги предупредувале или исклучувале фудбалерите надвор од игра.

Причината за појава на картони не била само во потребата да му објаснат на странски играч кој не го знае јазикот дека треба да излезе од игра, туку и поради тоа што некогаш и тренерите и навивачите не знаеле што се случува на терен.

КОМЕДИЈА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Комична ситуација се случила во четвртфинале на Мундијалот 1966 година. Во првиот дел од мечот Англија - Аргентина, Аргентинецот Антонио Ратин влегол во дискусија со германскиот судија Рудолф Крајтлн поради негова одлука.

После еден груб фаул на Аргентинецот, судијата го исклучил иако овој не сфаќал за што станува збор (или само се правел наудрен). Објаснувањето траело неколку минути.

Ратин, како и неговите соиграчи знаел само шпански јазик, а Крајтлјн зборувал само германски и никако не можел да му објасни на Аргентинецот дека треба да го напушти теренот.

Паузата траела неколку минути додека не се вмешал англискиот судија Кен Астон кој бил на трибините. Тој се симнал право долу на терен и му објаснил на аргентинскиот репрезентативец дека е исклучен. Дури потоа мечот продолжил и Англија славела со 1:0, а набрзо и го освоила домашното Светско првенство 1966.

ЗА ПОЈАВАТА НА КАРТОНИ ПОМОГНАЛ ОБИЧЕН СЕМАФОР

Настанот од четвртфиналето на Светското 1966-та не му давала мир на судијата Кен Астон кој тогаш се симнал на терен да им разјасни на Аргентинците што е работата. Астон почнал да размислува за создавање на еден систем на казнување кој би ги спасил играчите и навивачите од спорни ситуации.

Кога шетал еднаш по улиците на Лондон застанал пред еден семафор и помислил: „Треба нешто вака очигледно: жолт да биде опомена, а црвен исклучување. Но како ќе ставиш семафор на сред терен?“, помислил Естон.

Кога дошол дома, и раскажал на жена му Хилда за прашањето кое веќе неколку недели го мачи. После тоа Кен седнал да чита дневен печат а жена му излегла. После некое време се вратила дома со два картони: едниот црвена боја, друг жолта.

„Зошто судијата да не носи во џеб два картони? Жолт нека биде опомена, а црвениов исклучување“?

Астон бил воодушевен од идејата и веќе на следното заседание на судискиот комитет во Англија предложил да се внесе оваа измена во фудбалските правила. Идејата многу брзо добила поддршка во цел свет и била одобрена од ФИФА.

ПРВ ЖОЛТ КАРТОН ДОБИЛ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА СССР

Веќе на следниот Мундијал 1970 во Мексико (прво Светско кое не било во Европа или Јужна Америка), судиите носеле во своите џебови два картони, а веќе за иновациите во фудбалските правила дознал цел свет.

На мечот на отворање на Светското, домаќинот Мексико играл против репрезентацијата на СССР. На тој меч бил доделен првиот жолт картон во историјата: го добил фудбалерот од среден ред на СССР Каха Асатиани. Прв судија на светот кој покажал жолт картон бил Германецот Курт Ченшер.

Мечот завршил 0:0 а биле покажани 5 жолти картони од кои 4 за советите. 

ЖОЛТА И ЦРВЕНА БОЈА НЕМАЛО ДОВОЛНО ПА ПОЧНАЛЕ ЕКСПЕРИМЕНТИ СО ПАЛЕТА

Веднаш по сјајниот експеримент на Светското во Мексико, картоните во боја почнале да се користат во многу фудбалски првенства ширум светот. Во поголем дел од случаевите, фудбалските федерации не отстапувале од стандардите, иако имало и исклучоци.

На пример во шпанската лига картони биле воведени од сезоната 1970/1971. Таму наместо жолт картон за опомена се давал бел картон. Оваа измена се направила зошто во тоа време населението имало само црно-бели телевизори на кои можеле да се препознаат само овие две бои.

Но веќе од 1976/1977 во Шпанија се отажале од употребата на бели и црни картони и ги вратиле првичните жолти и црвени. 

Во ХХI век меѓународните асоцијации смислуваа и уште смислуваат поиновативни начини за да го направат фудбалот уште попривлечен за гледачите.

На пример во 2015 година тогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини предложил идеја да се дава бел картон која би го исклучила играчот од терен на 5 или 10 минути како во хокеј.

Со сличен предлог во 2009-та година излезе и Пјерлуиџи Колина. Легендарниот Италијанец предлагал портокалов картон кој би бил межу жолт и црвен и со кој судијата може да го отстрани играчот на одредено време надвор од теренот.

„Овој картон добро би дошол во тие случаи кога црвениот картон е премногу сурова казна а жолт премногу мека“, рекол Колина. 

Кен Астон, чија жена е најзаслужна за жолтиот и црвен картон во фудбалот, е судија благодарение на кој фудбалот добил и други иновации. Кен вовел уште неколку работи како на пример на секој меч да има резервен судија кој би го заменил главниот во случај овој да не може да продолжи од разни причини (ретко се случува ова во фудбалот и најчесто поради повреда на главниот судија).

Покрај тоа, на иницијатива на Астон за време не измените се покажуваат таблички со броевите на фудбалерите кои треба да го напуштат теренот. Ова ги прекинало дотогашните постојани недоразбирања за време на натпреварите.

9 ноември 2020 - 15:24