Гаф во лига на шампиони: Судија, а ти знаеш да броиш?

Мечот меѓу Динамо Киев и Бенфика во 1. коло од Лига на шампиони заврши без голови, ама ќе се памти по еден забавен судиски гаф.

На десет минути до крајот на средбата, англискиот судија Ентони Тејлор му извади жолт па веднаш и црвен картон на фудбалерот на Динамо Киев Денис Гармаш, мислејќи дека веќе му покажал еден.

И тоа ладно му покажа црвен картон без размислување и го прати на туширање. Играчот од среден ред на Киевјаните не разбираше што се случи а после му кажа на судијата дека му е прв жолт.

Целата ситуација ја извади еден од помошниците кои на главниот судија Тејлор му сугерира дека Гармаш претходно немал жолт картон, па овој ја исправи грешката и Украинецот доби само жолт. 

42-годишниот Ентони Тејлор суди натпревари во Премиер лига од 2010 година и на списокот на судии со знак на ФИФА е од 2013-та. Но британските навивачи често знаат гласно да протестираат поради негови грешки.

ТЕЈЛОР ГО СУДЕШЕ ПОТРЕСНИОТ МЕЧ ДАНСКА - ФИНСКА НА ОТВОРАЊЕ НА ЕВРОПСКОТО

Ентони Тејлор беше директен сведок на најпотресната сцена во спортот годинава - падот на Ериксен.

„Гледав право во Кристијан кога падна на терен. Ја сфатив сериозноста на ситуацијата кога го видов неговото лице. Тогаш уште немаше никој до него. Јас бев на десетина метри од него и сфатив дека е многу озбилно.

Ми се приближи еден редар и ме праша дали може жена му на Ериксен да влезе на терен. За мене тоа не беше никаков проблем и секако дозволив. Безусловно тоа беше најтешка ситуација во мојата кариера, но не научи колку е важно да збориме со луѓето“, се сеќава Тејлор.

Тој еднаш бил во слична ситуација и во англискиот фудбал.

„Бев исто сведок на моментот кога срцев удар доживеа мој колега Еди Волстенхолм на мечот Барнли - Њукасл. Тоа му се случи во соблекувалните“, раскажал Ентони. Следен меч на Тејлор ќе му биде во сабота, во рамките на Премиер лига ќе ја суди Барнли - Арсенал.