Проблемот не е само во тоа што стадионите ќе бидат без гледачи извесно време поради пандемијата на КОВИД-19, туку и однесувањето на фудбалерите ќе биде изменето.
Специјалистите обрнуваат внимание на секој детал: на ракување, на пристигнување до стадион, на престој во подтрибинскиот простор, на 2-3 празни места покрај секој резервен играч итн.
Постои забрана дури и за плукање за време на мечот. За ова паднало збор дури и на видео конференциите одржани од ФИФА.
„Плунките на терен се една од најраспространетите работи во фудбалот. Тоа не е баш хигиенски и може да го рашири вирусот. Кога ќе продолжиме со фудбалот, ќе мора да се избегнува (плукањето) во целост. Иако е нејасно како ќе направиме за играчите да не плукаат. Можно е да плукање да се казнува со жолт картон, вели Мајкл Д'Хју, главешина на медицинскиот отсек во ФИФА.
Британскиот The Telegraph пробал да дознае што ФИФА точно планира и зошто обрнува внимание на забрана на плукањето на терен. Побарале мислење од Ева Карнеиро, Португалката која долго време беше главен лекар во Челси во славната ера со Мурињо.
„Секако, плунките ги вознемируваат докторите. Како и ракувањето и дувањето нос на терен. Тоа е вообичаено за време на мечот.
Верувам дека е реално да се смени културата на однесување, но за такво нешто треба да следуваат правила и да се добие сериозна поддршка од страна на фудбалските раководители. Казна треба да има независно од личноста на тренерот или играчот или клубот за кој играат.
Исто и на добро подготвен медицински штаб на екипата ќе му треба помош во текот на натпреварите, а такво нешто уште немало во фудбалот. Се надевам дека сите сфатија: сега медицинскиот аспект е поважен од индивидуата или организацијата“, рекла Ева Карнеиро.
Доктор Карнерито сега работи во центарот за спортска медицина во Лондон и таа смета дека фудбалот во моментов е потенцијално опасен, затоа треба максимална предострожност.
„Уште не знаеме многу за вирусот, иако веќе се знае како дејствува имунитетот кај болните. Друг момент кој внесува немир е евентуален втор бран на епидемија. На крајот од краиштата за време на натпреварите играчите се во близок контакт, имаат по 45-55 контакти во минута. Тоа ќе влијае на веројатноста за зараза преку воздушно-капличен пат.
Ме плашат меѓународни натпревари - како таму ќе се обезбеди сигурен престој, ако пристапот кон епидемијата во разми земји е различен. Како ФИФА ќе одлучи која земја доставува доверливи информации за заразените? И дали протоколот на проверка е доволно точен за да се дозволи патувања и натпревари? Мислам дека клучно за враќање на фудбалот ќе станат брзи и точни тестови, но и затоа треба сериозен пристап.“