Главните градови на Јапонија и Шпанија, како и големата турска метропола ги преставија своите кандидатури пред Меѓународниот Олимписки Комитет, а секој град имаше на располагање по 90 минути.
Состанокот се одржуваше зад затворени врати во Лозана, а за делегациите беа предвидени 45 минути за презентација составена од говор со прикажување на видеа и додатни 45 минути во кои одговараа на прашања.
Турската делегација ќе се обиде да го убеди МОК по петти пат да ја добие организацијата на Олимписките игри во Истанбул, Шпанците во Мадрид се стремат кон трета организација, а главниот град на Јапонија само еднаш до сега бил домаќин.
Проблемот со кој во моментов се соочува Турција се жестоките протести во оваа земја против актуелната влада и премиерот Ердоган, но тие одговорија дека проблемите ќе се надминат и се пофалија дека имаа голем буџет од 19,4 милијарди евра на располагање. Ја истакнаа и местоположбата на земјата која се протега на два континенти и дека добро би било за прв да се одржи Олимпијада во муслиманска земја.
На презентацијата во одлично светло се прикажале Шпанците со говорот на принцот Филипе. И покрај големата финансиска криза со која се соочува оваа земја, тие истакнале дека 80 проценти од боралиштата веќе ги имаат на располагање и поради тоа ќе им бидат потребни неполни 2 милијарди евра за организација.
Токио кој беше домаќин на Летната Олимпијада во далечната 1964 година со оглед на тоа што е главен град на третата најсилна економска сила во светот има најголеми шанси. Јапонците ја истакаа модерната сообаќајна мрежа во градот.
Тие се фаворити и според светските обложувалници со најмал коефициент 1.55, фаворит број два според коефициентите е Истанбул со 3,25, а трети се Шпанците со 6.
Градот домаќин на ЛОИ ќе до дознаеме на 7 септември по тајното гласање во Буенос Аирес, а 3 дена потоа ќе се бира и нов претседател на МОК каде 12 години на чело се наоѓа Жак Рог.