По Сиднеј, Атина, Пекинг, Лондон, а во 2016 година Рио де Жанеиро, градот Тулса доста изненадувачки се појави во јавноста како заинтересиран град кој сака да биде домаќин на големиот летен спортски настан за 11 години.
Се работи за втор град по големина во Оклахома со неполни 400.000 жители и 43-ти во САД. Познат е по Свинг музиката, го нарекуваат светски центар на нафтата, а се уште немаат каде да организираат ватерполо натпревар.
„Немаме да понудиме гламур како во Лас Вегас или Њујорк, но според мене не се секогаш најпретставителни големите градови. Вистинската Америка се наоѓа во ваквите помали места, но треба да решиме еден проблем, а тоа е каде ќе се игра ватерполо", изјави Џенифер Џонс од комитетот Тулса 2024.
Жестока битка за организатори на Олимпијадата најави и градоначалникот Неил Мавис кој изјави дека нема потреба од откажување, затоа ги имале сите потребни ресурси само им е потребно да блеснат.
Соединетите Американски Држави последен пат беа домаќини на Летните Олимписки игри во Атланта 1996 година, а со големо нетрпение ќе почекаме да видиме како планираат да победат во силната конкуренција со кандидатите како Берлин, Рим, Торонто и Дубаи.