ФИФА и испрати соопштение на Фудбалската федерација на Ирак дека еден извесен период нема да смее да организара пријателски мечеви со образложение дека во оваа земја во периодот од април до јуни се забележани 2500 жртви во бомбашките напади, а само за три дена во овој месец загинале 123 луѓе.
Во последните неколку дена во кафе бар во центарот на Багдат беа убиени четворица млади луѓе додека го гледале натпреварот помеѓу Ирак и Чиле за играчи до 20 години. Од бомба загинаа и тројца играчи од локалните клубови, а пред три дена за време на фудбалски натпревар имаше вкупно 12 жртви.
Ова не е прв пат во земјата каде постојано владее насилството и терористичките напади ФИФА да интервенира со забрани за играње фудбал. Во март оваа година Ирак по пауза од две години одигра пријателски меч против Сирија, а претходно натпреваите ги играше во Катар.
Првата двегодишна казна од ФИФА стигна поради лошата организација на мечот против Јордан во 2011 година на кој имало проблеми со струјата, а на стадионот имало повеќе публика од капацитетот со кој располагал.