
Фудбалерите од локалните клубови и навивачите се честа мета во нападите во Ирак, а според најновите информации во експлозијата во Наравану, јужно од Багдат загинале 12 играчи и навивачи, а 24 луѓе биле повредени.
Насилството во Ирак постојано расте од почетокот на оваа година, а во нападите на екстремистите само во месец мај загинаа над 1000 луѓе, што се смета за најцрн месец во последните 7 години.
Пред два дена во Ирак во бомбашки напад над фудбалери и навивачи, беа убиени и други седум лица.