Купот на Конфедерации беше одлична можност за младиот Нејмар да му покаже на светот дека не е залудно тоа што весниците секој ден ги полнат страниците со него. Тој на секој меч даваше по еден гол, беше прогласен за најдобар играч на турнирот, а со Бразил стигна до златниот пехар.
Неговата популарност почнува полека да се шири во светски рамки. Тој пред неколку месеци на селекцијата на Боловија и даде два гола на натпреварот кој заврши 4:0 за Бразилците, но тоа не е пречка тие да лудуваат по него.
Според еден боливиски весник, две од вкупно 10 бебиња кои се раѓаат во оваа земја ги крстат со името Нејмар. Засега не е познато колку точно бебиња го носат неговото име, но очигледно е дека со ваквото ширење на неговата популарност тој може да стане фудбалска икона.
Во Македонија ваков тренд до сега не е забележан со некое славно спортско име, освен тоа што на пазарот во Шутка можеа да се најдат копачки под името „Фиго".