Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Напуштените Олимписки села

Што се случува со Олимписките градби откако ќе завршат игрите? Некои се претвораат во туристички атракции, театри, концертни сали, музеи, тренинг центри... но некои градби за кои се потрошени милијарди долари скапуваат и се распаѓаат со текот на времето.

Рекламата која ги налути германските фудбалерки

Шведска е домаќин на Европското првенство за фудбалерки, а германската телевизија ZDF, имателот на ТВ правата за земјата која триумфираше на 7 од последните 10 првенства, одбра не баш соодветен начин за негова промоција.

Клубовите од Серија А кои печалат од ПСЖ

Многу екипи од најсилните европски лиги ја немаат таа среќа да добијат финансиска инјекција од некој руски или арапски милијардер и да и кажат збогум на кризата. Ова важи особено за италијанските клубови кои кубурат со пари, но видоа бериќет од новите газди на ПСЖ.

Металург уште поблиску до Лига на шампиони

Европската ракометна федерација доби официјално известување од шпанскиот ракометен клуб Атлетико Мадрид кој поради финансиски причини престанува да постои, а со тоа ослободува место плус во групната фаза од Лигата на шампионите.

Футсал гол од голман

Голманот Ренан од бразилската екипа Карлос Барбоса реши да ја преземе работата во свои раце (нозе), го помина цел терен и постигна гол против Атлетико Ерехим.

Не е лесно да собираш топчиња

Собирачите на топчиња се добро истренирани и скоро неприметливи поединци кои имаат важна улога во светот на спортот. Но и тие се само луѓе и често ни приредуваат интересни ситуации за сеир.

Нов вид на ривалско тролање - соѕидан дрес

Двајца навивачи на Портсмут го искористија моментот додека работеле на изградбата на тренинг центарот на нивниот најголем ривал Саутемптон и сокрија дрес и шал од нивниот клуб во еден од ѕидовите.

Супер Фетел

Формула 1 шампионот Себастијан Фетел минатата недела за прв пат ја освои Гран при трката во Германија, а овој викенд тој повторно возеше трка во својата земја но во малку поинаков болид.

Фудбалерки од Нигерија заработуваат од проституција

Сиромаштијата во афричките земји не познава граници, а од неа страдаат и фудбалерките кои земаат по 150 евра месечно, немаат основни услови за живот, играат со празен стомак, а од нив се очекува да имаат врвни резултати.

Нов изум во тактичките планови на Сампдорија

Екипата на Фиорентина го има Џани Вио, „магионичарот" кој воведе нови шеми во фудбалот во Серија А, но за разлика од него кој преку книги го проучува фудбалот, Делио Роси е чекор понапред со технологијата која на доста занимлив начин ја користи на тренинзите.

Статуата со Зидан и Матераци се сели во Италија

Делото на алжирскиот скулптор кој го овековечи ударот со глава на славниот француски фудбалер во градите на Матераци од наредниот викенд ќе биде поставен на познат историски плоштад на чизмата.

Најспориот пенал на Погба

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба ја предводеше Франција до пехарот од Светското првенство за играчи до 20 години и ја заслужи наградата за најдобар поединец на турнирот. Франција го победи Уругвај со 4:1 дури по изведување на пенали, а еден удар од белата точка изведе и Погба со најспориот залет кој некогаш сте го виделе.

Тијаго му помогна на Баерн за трансферот

Шпанецот беше дел од клубот кој најмногу доминираше во последниве години во светот, но реши од свој џеб да потроши пари за да направи трансфер во актуелниот европскиот шампион.

Бебињата на Анчелоти

Новиот тренер на Реал Мадрид започнува нова ера во клубот. Дури 15 фудбалери не се постари од 25 години што го прави овој состав еден од најмладите во последните години.

Англиски клуб исфрлен од лига за долг од илјада денари

Фудбалскиот клуб Тарок е исфрлен од англиската седма лига за неплатена казна на фудбалер во висина од само 16 фунти, долг кој играчот не стигнал да го подмири затоа што бил во затвор.

Сидорф не престанува да воодушевува

Мајстор си е мајстор. Кларенс Сидорф и на 37 години дава голови како во најдобрите денови. Овој пат му ја искина мрежата на поранешниот соиграч Дида.

Кој е Иљараменди?

39 милиони евра е голема сума за еден фудбалер на Реал Сосиедад. Кој е Асиер Иљараменди, новото засилување на Реал Мадрид кој на 23 години се уште нема настап за репрезентацијата на Шпанија, а нема ни дадено гол во својата сениорска кариера.

Тајсон Геј и Асафа Пауел паднаа на допинг

Црн ден за кралицата на спортовите. Двајца поранешни светски прваци на 100 метри паднаа на допинг тест. Тајсон Геј и Асафа Пауел користеле недозволени средства.

Обамејанг е побрз и од Усеин Болт

Новото засилување на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг не трошеше време за да ги импресионира своите работодавци со спринт побрз и од Усеин Болт.

Њујорк Космос по втор пат му ја прави истата чест на Пеле

Новоформираниот американски фудбалски клуб за кој настапуваа многу славни играчи, подзаборави дека во минатото го повлече дресот на легендарниот Бразилец и истото го прави по 36 години.

Пироманот ќе ги учи младинците на Баерн Минхен

Челниците на Баерн Минхен ќе им дадат погрешен пример на кој децата од нивните младински школи треба да се угледаат. Пироманот Брено преку ден ќе излегува од затвор за да биде тренер во нивната младинска школа.

На Кириленко не му е до пари, сака титула

Најдобриот руски кошаркар Андреј Кириленко има можност се уште да заработува одлични 10 милиони долари и во новата НБА сезона за тимот на Минесота, но тој заработи повеќе од доволно и одбра тим со поголеми амбиции.

Пасивните кинески фудбалери на часови по патриотизам

Строгиот комунистички режим во Кина не ги поштедува ниту фудбалерите кои го носат репрезентативниот дрес, па така неодамнешната "петарда" од селекцијата на Тајланд не значеше само отпуштање на селекторот, туку и посебен вид на казна за оние кои ги мрзело да трчаат.