Месец јули е период резервиран за подготовки пред новата сезона во националните првенства, но покрај одржувањето на кондицијата, спремањето на тактиките и формациите кои се вежбаат на пријателски мечеви, не очекувавме дека ќе видиме и вакво нешто.
Сратегот на Сампдорија пронајде нов начин кој ќе му помогне во тактиките кои ги подготвува за новата сезона. Тој си набави безпилотно летало со кое одблизу ќе ги "шпиунира" игрите на неговите играчи.
Леталото лета во висина од 4 метри и се управува со далечински управувач. Неговата функција е да ги снима движењата на фудбалерите за време на тренинзите, нивните додавања на сите делови од теренот, како и нивните удари.
Овој мини хеликоптер кој чини 16.000 евра покрај тоа што ги снима тренинзите може да прави фотографии, а поради оптичката прецизност може да ги ги регистира дури и разговорите на играчите односно да им чита од усните.