Денес започнуваат подготовките на Реал Мадрид за сезоната 2013/14. „Белите" ќе го има првиот контакт со новиот стручен штаб предводен од Карло Анчелоти.
Реал Мадрид ќе ја започне новата сезона со највисоки очекувања, а амбициите Анчелоти ќе ги оствари со помош на подмладениот состав. Искусниот стратег реши да ја смени трансфер политиката на тимот и ова лето се насочи кон младите фудбалери.
Со потпишувањето на Карвахал, Иско и Иљараменди, како и промовирањето на Хесе, Мората и Начо во првиот тим, Реал Мадрид си ја обезбеди иднината.
Просечната возраст на тимот сега е 25,5 години и според Marca тоа е еден од најмладите состави во последните сезони.
Новите засилувања Иско (21), Карвахал (21), Иљараменди (23) имаат просечна возраст од 21,5 години, со што е срушен трансфер рекордот во ерата на претседателот Флорентино Перез. Претходно најмада просечна возраст на засилувањата со 22,8 години беше во сезоната 2005/06 кога беа доведени Рамос, Робињо и Баптиста.