Фудбалерот Џоел Барнет изминатата сезона одигра само 4 натпревари за фудбалскиот клуб Тарок од англиската 7-ма лига, но им направи огромни проблеми.
Тој имал долг од 16 фунти (околу 1.100 денари) кон општинската фудбалска асоцијација заради жолти картони заработени додека играл во поранешниот клуб.
Откако пристигнал во новиот клуб, фудбалерот не само што не им кажал на своите нови работодавци за неговиот стар долг, туку по само 4 одиграни натпревари тој бил уапсен и заработил затворска казна од 16 месеци заради тепачка на фудбалски натпревар.
Ни криви ни должни, Тарок се казнети со одземање на 3 поени, со што тие паднаа во зоната за испаѓање и се исфрлени во 8-ма лига.