Напаѓачот од Габон кој неодамна премина во Борусија Дортмунд од редовите на Сент Етјен, е познат по својата брзина, но сега тој тоа го покажа и на дело.
24-годишниот фудбалер за време на подготовките во Швајцарија истрчал 30 метри за 3,7 секунди. Тоа време е за скоро 0,1 секунда побрзо од времето со кое Усеин Болт ги истрча првите 30 метри за време на трката во Берлин кога во 2009-та година го сруши рекордот на 100 метри.
„Пјер е еден од најбрзите фудбалери кои некогаш играле во Германија", изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Зорк.
Репрезентативецот на Габон е плод на младинската школа на Милан, а по позајмиците во Дижон, Лил и Монако, во 2011-та година се пресели во Сент Етјен каде импресионираше и направи трансфер во Борусија Дортмунд за 3,1 милиони евра.