Пироманот ќе ги учи младинците на Баерн Минхен

Челниците на Баерн Минхен ќе им дадат погрешен пример на кој децата од нивните младински школи треба да се угледаат. Пироманот Брено преку ден ќе излегува од затвор за да биде тренер во нивната младинска школа.

23-годишниот Брено во 2008 година за сума од 12 милиони евра премина во Баерн Минхен и беше најавен како талентиран дефанзивец. Но поради психички проблеми во јули 2012-та година тој си ја запали куќата во Минхен и беше осуден нa казна затвор од 3 години и 9 месеци.

Сепак пироманот добро се однесува во затвор, па може да добие слобода и да излегува преку ден, но само ако најде работа. Во пресрет излегоа челниците на Баерн Минхен кои се решени да го вработат за да му помогнат да излезе на слобода.

Претседателот Ули Хенес е во контат со директорот на затворот. Брено се однесува примерно. Се надеваме дека ќе го пуштат на слобода секој ден од 8 часот наутро до 20 часот навечер, но треба да е вработен. Тоа ќе биде и од наш интерес, па ќе му најдеме работа во младинската академија", изјави директорот Карл-Хајнц Румениге.

Ова нема да биде единствен случај на затвореник со професија во германскиот фудбал. Сулејман Коч игра за четвртолигашот Бабелсберг додека служи затворска казна од 4 години за грабеж на казино.

13 јули 2013 - 09:42