Космос кој е оформен во 1971 година беше еден од најдобрите клубови во САД, а воедно и последен во кариерата на Пеле, но со повлекувањето на дресовите со број „9" и „10" кои ги носеа славните Џорџо Кинаља и Пеле, во клубот заборавија дека тоа се случи во минатото.
„Новите сопственици на клубот имаат голем респект за минатото, така што сакаме да ги испочитуваме големи двајца фудбалери Кинаља и Пеле. Тука настапуваа многу големи фудбалери и не можеме да ги повлечеме сите дресови", изјави тренерот Џовани Саварезе.
Последниот меч Пеле го одиграа во 1977 година кога во негова чест се одржа пријателска средба помеѓу Сантос и Космос. Тој одигра по едно полувреме за двете екипи, а на паузата дресот со број „10" замина во историјата.
Пред 3 години Њујорк Космос повторно беше оформен со нови газди. За спортски директор беше назначен Ерик Кантона, а за почесен претседател Пеле.
Од новото раководство на клубот требало само малку да прочепкаат во архивата на нивниот веб сајт за да видат што се случило на 1 октомври 1977 година.
Или пак да го посетат Јутјуб.