На минатиот 9 јули по точно шест години од неспортскиот потег на Зинедин Зидан, Алжирецот Абдел Абдесмед избработи статуа од бронза голема 5 метри на која беше претставен ударот на францускиот фудбалер.
Статуата претставуваше атракција и беше поставена во познатиот музеј во Париз „Помпиду". Таа го доби името „удар со глава", а од музејот рекоа дека тоа претставувало ода на поразот.
За неколку дена оние кои ќе сакаат да ја посетат и да се сликаат со популарната скулптура ќе треба да заминат на плоштадот „Дуомо" во малото место Пјетрасанта во областа Тоскана кој е познат историски плоштад во Италија полн со статуи и споменици.
На промоцијата ќе биде присутен авторот на делото како и Марко Матераци, а присуството на Зинедин Зидан кој со црвен картон се збогуваше од фудбалот на финалето Италија – Франција на Мундијалот во 2006 година е најавено за друг ден.