На Кириленко не му е до пари, сака титула

Најдобриот руски кошаркар Андреј Кириленко има можност се уште да заработува одлични 10 милиони долари и во новата НБА сезона за тимот на Минесота, но тој заработи повеќе од доволно и одбра тим со поголеми амбиции.

Андреј Кириленко веќе 12 години е дел од најквалитетната кошаркарска лига во светот од кои една деценија мина во тимот на Јута Џез. По едногодишната сезона во Минесота каде заработи 10 милиони долари, веста за неговиот трансфер во Бруклин можеби беше изненадување, но за тоа постојат три добри причини.

1.Кириленко за време на досегашниот престој во НБА лигата заработи 101,2 милиони долари и не размислува повеќе на пари.

2.Минесота Тимберволс можеби имаат таленти во својот состав, но далеку се од освојување на шампионска титула. За разлика од нив Бруклин Нетс ги донесе звучните засилувања Кевин Гарнет и Пол Пирс.

3.Тој замина кај својот сонародник Михаил Прохоров, руски олигарс кој е сопственик на Минесота.

32 годишниот Кириленко потпиша 2 годишен договор со Бруклин и ќе заработи 6,3 милиони долари, додека во неговиот поранешен клуб за само една година ќе ставеше во џеб точно 10 милиони.

Но одлуката ја објасни и неговиот агент кој рече дека тој има доволно пари и сега неговата желба е да оди во тим кој ќе мисли само на победа. Со рускиот милијардер Бруклин има високи цели, а во тимот ги донесе и Дерон Вилијамс, Џо Џонсон, Брук Лопез и Џејсон Тери.

Кириленко е универзално крило и сигурно дека ке придонесе многу со своето искуство. Минатата сезона постигнуваше 12,4 поени по натпревар, а најдобрата сезона му беше во 2003/2004 кога беше прогласен и за МВП играч на Ол стар викендот.

12 јули 2013 - 22:26