Тијаго Алкантара кој 5 години настапуваше за Барселона го официјализираше транферот во Баерн Минхен каде повторно ќе работи со Гвардиола, а очигледно тоа му било огромна желба затоа што му помогнал на германскиот клуб и платил 2 милиони евра за сопствениот премин.
Трансферот помеѓу двата фудбалски гиганти беше договорен за 25 милиони евра, а Каталонците бараа од актуелниот шампион на Европа да одиграат и задолжителен пријателски натпревар.
22 годишниот Алкантара кој игра во средниот ред беше дел и од Б тимот на Барселона додека Пеп Гвардиола беше тренер, а неговата нова авантура во Германија се случува на негово огромно задоволство како и на неговиот ментор.