Шведска е домаќин на Европското првенство за фудбалерки, а германската телевизија ZDF, имателот на ТВ правата за земјата која триумфираше на 7 од последните 10 првенства, одбра не баш соодветен начин за негова промоција.
Помеѓу оние кои најмногу ја критикуваа беа и самите репрезентативки на Германија, но телевизијата реши да не ја повлече рекламата, туку само малку да ја промени.