Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Молитвата на Муслиманите на Енфилд Роуд

Ливерпул соопшти дека ќе превземе акција против навивачот кој постираше слика од двајца Муслимани кои се молат во подрумот на Енфилд Роуд и напиша дека тоа било срамота.

Како полицијата му ја скрши ногата на Сефолоша?

По настанот што ја разбрани светската јавност, медиумите во САД го одврзуваат клопчето и откриваат како полицијата вешто сокрила дека нивни припадници тешко го повредиле Сефолоша, за кого сезоната е завршена.

Патешествието на 16 годишниот Суарез во Барселона

На уругвајскиот напаѓач одлично му тргна во првата сезона во Барселона, а таа го потсетува и на една случка од детството кога пристигнал збунет и изгубен во шпанскиот град, каде никој не го познавал и не знаел ниту каде да оди.

Од инает кон Глејзер направија сериозен фудбалски клуб

Клубот основан од протест кон сопствениците на Манчестер Јунајтед докажува дека моделот „навивачи - сопственици на клуб" може да успее во модерниот фудбал. ФК Јунајтед формиран од инает, сега напредува кон повисоките лиги.

Наполитанска шлаканица за Волфсбург, пресврт на Севиља

Фудбалерите на Наполи со една нога се во полуфиналето од Лига Европа откако од гостувањето во Германија си заминаа со триумф од 1:4. Севиља обезбеди минимална предност, а Фиорентина и Днипро извадија нерешено.

Фудбалерите на Челси најмалку ги рецкаат судиите

Според официјалната статистика на Фудбалската асоцијација на Англија, играчите и стручниот штаб на Челси сезонава покажуваат најмалку респект кон судиите и противниците на терен. Најмногу ферплеј во Премиер лигата има кај Ливерпул.

Кралската резиденција за тренинг

Арбелоа, Начо и Иљараменди ве носат во тренинг центар на Реал Мадрид. Ако им е вака кога одат на работа, па како им е дома на луѓево?

Приведени навивачи поради смешни тупаници

Не поддржуваме физичко насилство, но не поддржуваме ниту кога некој кога фрла предмети од горе, потоа се прави на будала. Ова галење на еден американски стадион го прекина полицијата.

Го славам денот на Камбијасо, дај ми слободен ден

Навивач на Лестер Сити се обидел да изнуди неработен ден, под изговор дека ќе го слави аргентинскиот празник Камбијасо.

Аце автобусот кој даде 1.500 голови и фати 2.500 жени

Откако Црвена Ѕвезда во 1947 година гостуваше во Трст, во Белград се врати некомплетна. Од тимот им избега Александар Аранѓеловиќ кој стана легенда и направи светска кариера. На кралот Караѓорѓевиќ Втори му подари 15 одела, а денеска за него раскажува и штипјанецот Шекуларац.

Родриго Лопез од пола терен

Играа Сакраменто Репаблик и Ванкувер во третата по хиерархија лига во САД, а мечот го одбележи голот на Родриго Лопез од половина терен кога ги постави конечните 2-0.

Дуда Ивковиќ одново скрши тренерска табла

Трофејниот српски тренер тешко го поднесе вчерашниот пораз на неговиот Анадолу Ефес од Реал Мадрид. Турците се држеа во првото полувреме, но во вториот целосно паднаа во играта, по што Дуда ја тресна таблата за цртање од паркетот за да ги разбуди.

Севиља - Зенит реприза без Величе Шумуликоски

Соочена со резултатската криза, Фиорентина патува во Киев, а Клуб Бриж го пречекува украинскиот Днипро. Севиља и Зенит последен пат играа пред 9 години, кога Величе играше за рускиот тим.

На шест години стана кандидат за тренер на Астон Вила

Малиот Чарли Пај во февруари испратил писмо за да се кандидира за заменик на тогашниот тренер Пол Ламберт. Актуелниот тренер Шервуд сега му одговори на симпатичен начин исто преку писмо.

Нухиу незапирлив во победата на УНИКА над СЦ Борис Трајковски

Натпреварите од претпоследното 19 коло во Бизнис лигата донесоа доста ефикасни резултати, а победи славеа ЕЛЕМ, ЕВН и УНИКА.

Најскапиот дефанзивец премногу ги шири нозете

Цената на одреден играч не е секогаш мерило за квалитет. За Давид Луиз лани Парижаните платија рекордни 70 милиони евра и откако Суарез синоќа му го испи мозокот, денеска најскапиот играч од одбрана го трола цел свет.

За кобниот пожар во Брадфорд виновен бил претседателот

На 11 мај 1985 година во катастрофален пожар за време на дуелот Брадфорд - Линколн загинаа 56 навивачи, а 254 беа повредени. Истрагата утврдила случаен пожар, но сега излегоа нови детали за трагедијата.

Атланта во плејоф против Бруклин, испаднаа Вестбрук и Индијана

Кошаркарите на Бруклин Нетс и Њу Орлеанс го фатија последниот воз за плејофот на крајот од регуларниот дел од НБА лигата. Хрватот Бојан Богдановиќ со личен рекорд во НБА го одведе Бруклин во плејофот.

Лукоил и Глобко Логистик ги поделија бодовите

Во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата победи славеа екипите на Шпаркасе и Македонски Телеком.

Суарез го освои Париз, Баерн изненaден нa Дрaгao

Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.

Футсал потег, понапредна верзија

По фризурата и бројот на дресот потсеќа на Давид Луиз, а по тоа што го направи со топката може да го крстиме Роналдињо или Фалкао, но не Радамел, туку махерот за футсал.

Не е лошо Јувентус да освои Лига на шампиони

Судијата Павел Краловец синоќа им подари пенал на фудбалерите на Јувентус. Можеби навива за нив да го подигнат пехарот, за да го гледа ова ветувачко славје за кое и ние немаме ништо против.