Најчудните трансфери во фудбалот

Знаете ли дека Робињо мислел дека го носат во Челси или дека во четврта лига фудбалерите ги трампаат за месо? Има и таков кој лажел дека Веа му е брат за да добие договор во Англија.

Трампа за кобасици

Овој анонимен романски фудбалер во 2006 година е продаден од второлигашот УТ Арада во четвртолигашот Регал Норниа за 15 кила кобасици. Кога веста се проширила во медиумите, тој сметал дека начинот на неговиот клуб го платил трансферот е понижувачки и решил да се откаже од фудбал. Клубот се жалел во Фудбалската федерација на Романија дека останал без играчот, но и без храна за остатокот од тимот. Чијара решил да се пресели во Шпанија и отворил фарма.

Алергија

Зезеа бил првиот Бразилец кој направил трансфер во Бундеслигата, но тој ќе се памети како најуспешен. Келн платиле за него 150.000 марки, а тој по само пет настапи се вратил дома, откако лекарите му откриле дека е алергичен на снег.

Близнаци

Во 1965 година Келн имале уште една утка на трансфер пазарот. Го ангажирале Срѓан Себинч откако биле импресионирани на тренинг. Но тој талентот по кој заминале бил неговиот брат близнак Звездан и по грешка му дале договор на Срѓан кој по само три меча се вратил во Југославија.

Лажниот брат на Веа

Сенегалецот Али Диа во 1996 година го убедил тренерот на Саутемптон дека му е брат на Жорж Веа по што успеал да се избори за едномесечен договор. Диа одиграл само еден меч и кога тренерот дознал за лагата веднаш го избркал.

Еден град, два клуба

Прославениот фудбалер од Гана, Абеди Пеле во 1996-та дознал дека за него е заинтересиран клубот од Минхен. Но тој мислел дека во Минхен постои само Баерн и потпишал договор за Минхен 1860 каде им станал миленик на навивачите.

Вистината за Робињо во авион

Во последниот ден од летниот преоден рок во 2008 година, ѕвездата на Реал Мадрид патувала во Англија, но кога авионот го прелетал Лондон, тој дури тогаш дознал дека не потпишува за Челси, туку за Манчестер Сити.

Католик во Ренџерс

Најконтроверзниот трансфер на островот се случил во 1989 година кога Мо Џонсон од Селтик кој бил деклариран католик потпишал за протестанскиот клуб Глазгов Ренџерс. Тој успеал да го соедини навивачите на двата клуба да не го мразат, но морал сам да си прави дрес, бидејќи производителот го одбил.

16 јули 2015 - 17:53