Таг: робињо

Не се раѓаат повторно вакви легенди

Роналдо, Роналдињо, Робињо, Кака, Адријано, Роберто Карлос...Колку тоа звучи бразилски. Овој епски состав играше самба и во соблекувална и на терен. Одиме.

Врвната реклама за Бразил со Роналдињо, Роналдо и компанија

Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...

Не е само Аршавин слободен играч

По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.

Најчудните трансфери во фудбалот

Знаете ли дека Робињо мислел дека го носат во Челси или дека во четврта лига фудбалерите ги трампаат за месо? Има и таков кој лажел дека Веа му е брат за да добие договор во Англија.

Многу ветуваа, а малку остварија

Откако Реал Мадрид во јануари го купи вундеркиндот Мартин Одегард, се потсетивме на неколку фудбалери кои тешко се носеа со товарот „новиот Пеле" или „новиот Роналдо". Немаа среќа или немаа сила да го издржат притисокот?

Манчестер Сити потроши 300 милиони фунти за напаѓачи

Граѓаните почнаа со Робињо за кого платија 32,5 милиони фунти и после него купија уште десет други играчи за нападот. Најскапо го платија Карлос Тевез, 47 милиони фунти.

Не бе судија сега да свирнеш крај

Дунга го врати Робињо во репрезентација, но судијата по само 2 секунди му рече доста ти е играње, не мора ни да се бањаш.

Дунга го изостави Маикон и го викна Додо

Новиот селектор на Бразил, Карлос Дунга полека ја враќа селекцијата во нормала по дебаклот на СП 2014 и проблемите со Маикон.

Само една недела му требаше на Робињо

Бразилските фудбалери ги пука носталгија кога играат далеку од дома. Робињо се потзагуби во Милан, летово се опушти и се здебели, но за брзо време се врати во голгетерска форма во матичниот Сантос. Неговиот клуб победи со 2:0 против Лондрина во купот, а Робињо постигна убав гол и асистенција.

Миланистите ја бараат среќата во Бразил

Робињо е последната ѕвезда која деновиве се врати дома како позајмен играч на Милан. Се појави здебелен, без тренинзи и ангажмани за време на летото, но статусот ѕвезда не го загуби кај навивачите со кои се среќава по трет пат. Неговиот матичен клуб Сантос загуби од Коринтијанс, а Робињо одигра солиден меч. Поранешните клупски колеги Кака и Пато имаа победничко коло со Сао Паоло и славеа против Виториа со 3:1. Во одлична форма игра Паперо кој постигна два гола.

Офсајд лик: Робињо

Бразилецот од Милан го провози своето дете на точак и сакаше да се кандидира за наградата „татко на годината", но со вакво лудо возење со папучи и држење на кутрото дете со една рака, Робињо си го заслужи признанието „офсајд лик".