Робињо е последната ѕвезда која деновиве се врати дома како позајмен играч на Милан. Се појави здебелен, без тренинзи и ангажмани за време на летото, но статусот ѕвезда не го загуби кај навивачите со кои се среќава по трет пат. Неговиот матичен клуб Сантос загуби од Коринтијанс, а Робињо одигра солиден меч. Поранешните клупски колеги Кака и Пато имаа победничко коло со Сао Паоло и славеа против Виториа со 3:1. Во одлична форма игра Паперо кој постигна два гола.