Таг: алехандро пато

Милан се потсеќа на дебито на Бекам, сезоната кога Пато им беше стрелец број 1

Се поздравија со Роналдо, ама го донесоа Роналдињо, а на полусезона ја ангажираа најпопуларната десница на светот со која Серија А доби на уште поголема популарност. Тоа беше сезона која навивачите ја паметат како крај на една ера со Карло Анчелоти.

Берлускони со мене беше џентлмен, Анчелоти татко, а Роналдо ми покажуваше голи жени

Алехандро Пато не ги фати најзлатните времиња на Милан и за шест сезони во периодот од 2007-ма до 2012-та освои само Скудето и Супер Куп, но затоа играше со врвни имиња со кои не ги заборава искуствата.

Што и направи Пато на Барса за 24 секунди игра

На денешен ден стартуваа и многу други минати изданија на Лигата на шампионите. УЕФА не врати во нивната архива од пред точно 5 години кога на денешен ден Милан во првото коло гостуваше на Камп Ноу. Конечни Барселона - Милан 2:2 со акцент на брзиот Пато.

Офсајд ликови: Фалкао и Пато

Сте виделе ли скоро некој гол или дриблинг од овие двајца напаѓачи? Ние не. Мизерната сезона која ја имаа во Челси без никакви пречки ги сместува во нашата рубрика Офсајд лик. Фалкао и Пато до толку ги немаше, што можеби некој заборавил и каде играат.

Волејот на Пато

Додавање со петица, дриблинг кроз нозе и маестрална завршница во изведба на поранешниот напаѓач на Милан. Сето тоа се случи во четвртата минута од мечот Сао Паоло - Данубио 4:0 во рамките на Копа Либертадорес.

Тактичарот Галијани и заложникот Макси Лопез

Искусниот ќелавко кој е махер за тоа како треба да се игра умно за време на трансфер периодите, во овој јануарски преоден рок веќе направи зделка по своја мерка. За време на пазарењето понекогаш чува и резервни играчи кои го чекаат “затворени“ во хотел, но не му секогаш исплатливи.

Најдобрите 5 голови на Милан против Наполи

Во пресрет на големата битка овој викенд во Серија А, Росонерите се загреваат со видео на својот јутјуб канал, а во главна улога се Роналдо, Фламини, Веа. Балотели и Пато.

Миланистите ја бараат среќата во Бразил

Робињо е последната ѕвезда која деновиве се врати дома како позајмен играч на Милан. Се појави здебелен, без тренинзи и ангажмани за време на летото, но статусот ѕвезда не го загуби кај навивачите со кои се среќава по трет пат. Неговиот матичен клуб Сантос загуби од Коринтијанс, а Робињо одигра солиден меч. Поранешните клупски колеги Кака и Пато имаа победничко коло со Сао Паоло и славеа против Виториа со 3:1. Во одлична форма игра Паперо кој постигна два гола.

Како знае да си поигрува Пато

Бразилскиот напаѓач кој не успеа да направи блескава кариера на „Сан Сиро“, не му тргна баш во Коринтијас. Оваа година настапува како позајмен играч на Сао Паоло, па да ги потсетиме навивачите на Милан на неговиот талент.

Анти-паненката на Пато

Не само што Пато се посрамоти со пеналот кој му го одбрани Дида, неговиот поранешен соиграч од Милан, туку и неговиот Коринтијанс го чинеше елиминација од четврт-финалето на бразилскиот куп од екипата на Гремио.

Пато повторно се посрамоти

Довчерашниот напаѓач на Милан, Алехандро Пато е цар за утки од најлесна позиција. Неодамна направи потег за најсмешно видео инсерти, а овој пат посакуваше голот да биде повисок.