Бразилскиот напаѓач кој настапува за Виљареал во интервју за Фокс Спорт се навраќа на некои моменти од времето кога го носеше дресот на Росонерите.
За Берлускони
“Берлускони со мене секогаш беше ист. Беше џентлмен кој ме третираше добро и кога одев да барам дозвола за да патувам во Бразил никогаш не ме спречуваше. Тој не сакаше да си заминам од Милан, но се договоривме, а тоа го сфати и доктор Галијани дека правилната одлука е да заминам. Им благодарам и на двајцата. Односно со нив секогаш беше одличен. Го запознав Милан и си заминав од Милан кога таму беше Берлускони. Поразличен е Милан без него и сликата на Милан секогаш ќе биде Берлускони“.
За сегашната ситуација
„Милан менува многу работи и тимот полека се доведува во ред. Сакаат да носат само Италијанци, но сигурен сум дека ќе се вратат и ќе бидат тоа што беа, иако знаеме каква е сега силата на Јувентус. Милан има големи играчи, им ги гледам секогаш натпреварите и следната година сигурно ќе играат во Европа. Весниците пишуваат многу работи, но јас никогаш не дозволив приватниот живот да ми влијае на терен. Отсекогаш го давав мојот живот за клубот, ќе ги бранам моите колеги и дадов се за нив“.
За Анчелоти
„До скоро успевав да се слушам со него и да не беше тој немаше да одам во Милан. Би ми било мило повторно да се сретнеме. Анчелоти беше многу важен за тоа што станав јас во фудбалот и тој е пример за човек на место. Кога играв во Милан бев мал и тој ми беше како татко. Првиот ден ми рече да го правам на терен тоа што го знам“.
Притисокот да се биде играч на Милан
„Откако Милан го освои Светското клупско првенство против Интернационал, се свртеа неколку имиња на клубови околу моето име, но кога меѓу нив беше Милан се подразмислив убаво бидејќи тогаш имаше таму многу играчи со кои сакав да настапувам заедно, кои имаа освоено ЛШ и решив заедно со моите родители да одам во Милан. Притисокот на почеток не го чувствував бидејќи кога пристигнав во Италија тоа ми беше како во сон. Притисокот го осетив потоа. Кога бев на лекарски прегледи ми направија тест на очите, но бев толку многу возбуден и со дланката ги притискав очите и не можев да гледам од возбуда. Лекарот ми стави капки кои уште повеќе ми го попречуваа видот и не можев да гледам како што треба се до мојата презентација со Анчелоти“.
За играчите
„Во Милан сретнав многу силни играчи. Во соблекувална седев меѓу Малдини и Роналдо, а спроти мене седеше Кака. Еден од првите денови го паметам по тоа што Роналдо ме праша дали сакам да им се придружам за да ми покаже Плејбој списание. Кака на пример за разлика од него имаше шкавче како црква“.