Хрватска се спаси од исфрлање, УЕФА им зема само бод

Залудно се плашеа Давор Шукер, премиерот Милановиќ и ХНС, затоа што попладнево дознаа дека УЕФА нема да ги исфрли од квалификациите за ЕП 2016 поради кукастиот крст.

Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет со еден бод, два натпревари без гледачи и 100.000 евра поради инцидентот со изгравираната свастика на Пољуд пред мечот со Италија.
 
УЕФА притоа им одредила на Хрватите дека преостанатите две средби од квалификациите не може да ги играат на Пољуд во Сплит (Хрватска до крајот игра дома само против Бугарија).
 
И покрај казната, Хрватска останува прва во групата сега со 13 наместо освоените 14 бодови. Италија е втора со 12, а Норвешка трета со 10 бодови. Хрватските медиуми пренесуваат дека ова е само уште една казна во низа за нивниот сојуз. По мечот Италија - Хрватска и нередите на Сан Сиро во Милано, Коцкестите беа казнети со затворање на една трибина и 80.000 евра. По тој дуел, поради расистички испади на мечот Хрватска - Норвешка, ХНС заработи казна од 55.000 евра и меч без публика.
 
Во одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА пишува дека казната е донесена поради „расистичко однесување", иако во предметот стануваше збор за чист нацизам, пишува Мондо.
 
Во изминатите денови, целокупната хрватска јавност стравуваше од одлуката на УЕФА, а шпекулациите одеа до таму дека редовниот учесник на големите натпреварувања би можел да биде исфрлен од понатамошниот циклус на квалификации.
 
Сите досегашни казни за Хрватска од УЕФА

23 јули 2015 - 17:07