Крвав судир меѓу фракциите на Бед Блу Бојс во Луксембург

Динамо Загреб синоќа го играше реваншот од квалификациите за ЛШ и победи 0-3 против Фола Еш од Луксембург, но триумфот на Модрите остана во втор план поради сериозните инциденти кои направиле фракциите за и против Здравко Мамиќ

Околу 100 навивачи се судриле во близина на стадионот на Фола Еш, а најмногу е оштетено едно комбе. Уапсени биле 25 навивачи, а нема информации за повредени пренесува Луксембург Ворт.
 
Луксембуршката полиција била предупредена дека се можни инциденти меѓу фракциите од Загреб, а најголемите проблеми настанале околу 19 часот. Група навивачи на Динамо Загреб без карти стигнала пред националниот стадион Џози Бартел и веројатно натпреварот не им бил во прв план.
 
Членови на Бед Блу Бојс нападнале комбе од Чаковец во кое најверојатно биле поддржувачите на Здравко Мамиќ, за кои Бојси тврдат дека се негови платеници. Во тепачката меѓу двете фракции се користеле дрвени палки, бакљи, па дури и сообраќајни знаци.
 
Целата ситуација ја смириле специјалците од Луксембург, иако штетата веќе била направена. Ова е само продолжение на војната меѓу двете фракции (едни блиски до клубот, други против Мамиќ) кои редовно се тепаат и низ Загреб. На дербито против Хајдук во првото коло се степаа меѓу себе на северната трибина.
 
Што се однесува до самиот натпревар, по срамот во Загреб каде дуелот заврши 1-1, Динамо успеа да го покаже квалитетот и да слави 0-3. Следен противник на Динамо во 3. коло ќе биде норвешкиот шампион Молде.
 
Инцидентите во Луксембург:
 
Тепачката меѓу фракциите на Бојси на дербито против Хајдук Сплит: