Иван Коновалов во Ниш пристигна од рускиот нисколигаш Астрахан каде играше од почетокот од оваа сезона и настапи на 13 меча. Соработката со голманот кој на 18 август ќе наполни 21 година е направена на две години.
Коновалов претходно има брането за младинците на Спартак Москва, Амкар и Севастопол, а ова ќе му биде прво интернационално искуство.
Најновото засилување пред медиумите го претстави претседателот на Раднички, Видак Перовиќ и на старт ја направија првата грешка како да се аматери.
Го промовираа со дресот број 1 кој веќе е зафатен. Со него оваа сезона е регистриран Ненад Филиповиќ кој веќе настапи во првото коло во српското првенство и три години ја но со единицата.
Анегдота во Раднички со голманите имаше и на крајот од минатата сезона откако српскот голман со канадско потелко, Милан Борјан на претседателот му ја давал раката на ќерка му и станот, само за да не го продадат.