Таг: раднички ниш

Најсрамна прес конференција откако е светот и векот

Тренер на Раднички од Ниш. Поранешен фудбалер на Црвена звезда и поранешен селектор на Србија У-21. Се вика Ненад Лалатовиќ. После мечот кој неговиот тим го добил против Напредак од Крушевац, Лалатовиќ побеснува на прес конференција.

Колку треба да си луд (платен) за да досудиш пенал што не постои

Спартак Суботица и Раднички Ниш се сретнаа во директен дуел за Лига Европа, а вие сега ќе се сретнете со најсрамниот досуден пенал во историјата. Домаќините славеа 2:0 со два пенали, а гостите добија црвен. Судиска неправда е преблаг опис за прволигашкава местенка во Србија. Па барем да ја пипнеше топката со рака. Тажна и класична балканска фудбалска приказна.

На Чаир не се навива првите 10 минути

Еден од најтажните денови за српскиот фудбал е 29 мај 2000-та, кога Србија остана без голем талент кој стигна само до младинската репрезентација на Југославија. Мераклии го носат во срце и веќе 16 години се држат до едно строго правило кога одат на стадион.

Во соблекувалната на Раднички Ниш

Снимка од стадион каде се натпреварува клуб од првата српска лига која е добро позната за повеќето од нашите фудбалери кои веројатно одат дома да се бањаат. Проблемот е што не капе, туку тече, а надлежните се спремиле со четири кофи. 

Кого навредувате вие цел натпревар?

Теоријата дека нема викенд а во балканскиот фудбал да нема циркуз доби на уште една потврда. Викендов во Ниш играа Раднички и Борац Чачак. Гостите ја однесоа победата, но нивниот тренер збесна на крајот од мечот.

Офсајд лик на денот: Иван Коновалов

Во нашата омилена рубрика офсајд лик влегува најновото руско засилување во Раднички од Ниш, поради киксот за кој сме цареви само тука на Балканов.