Иван Крстиќ Бели бил дел од Раднички Ниш од 9 години и за жал само до 19. Со одличните партии во сезоната 1999/2000 добил место во прв тим, а го носел дресот и на селекцијата на Југославија У21.
Крстиќ ја носел капитенската лента и бил лидер на младата генерација на Раднички. Публиката ја пленел и со играта и со однесувањето на терен, а фудбалските стручњаци го споредувале со Пикси.
Кобен ден за него бил 29 мај 2000-та кога за време на еден тренинг го удрил гром.
„Тоа беше стандарден тренинг на кој во прво полувреме не врнеше, а во второ почна. Имаше и грмотевици, ама од далеку. Дождот ги освежи играчите и борбата на терен се разгори. Грмење од далеку имало и друг пат и тренинзите никогаш не се одложувале. Во еден момент истовремено светна и згрми. Имав чувство како некој да ме удрил со лопата во глава. Паднав на трева и бев онесвестен 2-3 минути. Кога се разбудив видов како лежат сите играчи. Почнавме да стануваме и забележавме дека Иван остана да лежи“, изјави тогашниот тренер на Раднички, Зоран Чолаковиќ.
Младинската школа на Раднички Ниш го носи неговото име, како и улицата од каде што потекнува, а дресот со број 10 кој го носеше Бели е повлечен во негова чест.
Навивачите на Раднички познати под името Мераклии на трибина чуваат дрес со неговиот број, а во првите 10 минути од секој меч во изминативе 16 години, молчат.
Младиот Иван беше оженет, а прв кој го облече дресот по неговата смрт беше неговиот син кој имал еден месец кога татко му починал.
На 12:00 од видеото е моментот кога неговата жена и дете влегуваат на стадионот Чаир и се среќаваат со навивачите. Многу емотивно.