Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Баерн Минхен vs Фрикикерз

Двајца изведувачи на слободни удари од групата Фрикикерз се пробаа со Чаби Алонсо и Данте. Секој поединечно изведе по два слободни удари, а победата ја однеса Баварците.

Интер - Рома од 20:45 и Бруклин - Атланта од 21:00

Покрај натпреварите од најдобрите европски лиги, денес на програмата е и ракометниот дуел Вардар - Металург од домашното првенство. Во АБА лигата почнува финалната серија, а во Барселона се игра полуфиналето на тенискиот АТП турнир.

Револверашот Џејмс Харден го построи Далас

Кавај Леонард сам го победи Далас Маверикс и го водеше Сан Антонио до 2-1 во плејоф серијата. Одлична вечер за Полјакот Гортрат од Вашингтон кој сега води 3-0 против Торонто Репторс.

Пеп се враќа дома, за прв пат ќе игра против своите

За прв пат во својата тренерска кариера, Пеп Гвардиола ќе игра против Барселона, неговиот клуб, дом и град. Според Луис Енрике, Гвардиола е најдобар тренер на светот, но Баерн немал среќа што им паднала Барса во полуфиналето.

Десант на стадионот Емирати сред бел ден

Во пресрет на градското дерби со Топџиите, Сините имаа храбра авантура до Емирати и макар на 10 минути ја освоија територијата на Арсенал во северен Лондон.

Најдобрите 11 кои не освоија Лига на шампиони

Кога гледаш кои имиња се во тимов, освен Венгер за другиве 100% ќе си речеш дека нема шанси да немаат освоено ЛШ. Годинава има шанса само Буфон кој со Јуве е во полуфинале, а од догодина ќе имаат и Ибрахимовиќ и Венгер.

Жолтите дресови на Арсенал им носат малер

За нешто повеќе од еден месец Топџиите играат финале во ФА купот против Астон Вила, но откако излегоа детали за средбата, навивачите се намрштија.

Атинското дерби - кратка линија на животот

Во продолжение од дерби серијалите на ЕСПН, редот му дојде на еден од најжестоките дуели во Европа. Оној во Атина, каде право чудо е ако натпревар меѓу зелено и црвено-белите не се прекине и ако нема повредени.

Јувентус и Реал Мадрид низ бројки

Според анкетите пред ждрепката, навивачите на Јувентус го посакуваа Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ. Тоа им се оствари, така што сега се крстат и во традицијата која е на нивна страна.

Еден на еден со Еден Азард

Брз е, често асистира, а сезонава партиципира со одлични 13 голови за Челси кој е блиску до титулата во Премиер лигата. Белгиецот според карактеристиките за многумина е Меси број 2.

Атлетико заработил 20,5 милиони евра од ЛШ

Иако во средата во Мадрид го завршија патот кон Берлин, „Јорганџиите“ може да бидат задоволни, затоа што ја наполнија клупската каса по резултатите во Лигата на шампионите.

Браќата Алкантара збореа на скајп за време на ждрепката

Тијаго Алкантара од Барса му рекол на помладиот Рафиња од Баерн дека на денешната ждрепка во Нион токму нивните два клуба ќе се паднат во полуфинале. Тијаго точно предвиди, братски дуел ќе има во Лига на шампиони.

Многу арно не е на арно

По фамозната Кис камера, каде режисерите на спортските борилишта ловеа парови во публиката кои се бакнуваат, сега на ред дојде Флекс кем. Оваа камера лови набилдани бицепси во салата, што му овозможи на еден гледач да се прави важен пред девојките. На крајот седна како попарен.

Барселона - Баерн, финале пред финале

По извлекувањето на полуфиналните двојки за Лига Европа, се покачи адреналинот во Нион откако беа извлечени паровите за најелитното клупско европско натпреварување.

Наполи против Днипро, Фиорентина со Севиља

На денешната ждрепка во Нион прво беа ивлечени полуфиналните двојки за Лигата на Европа. Можно е да гледаме италијанско финале.

Проблемот со повраќање Меси го решил во Италија

Италијанскиот доктор Џулијано Позер лечи многу познати спортисти, а тој тврди дека нашол чаре и за Меси кој на неколку натпревари повраќаше на терен.

Неспортски потег на Луис Фабијано

Некогашниот напаѓач на Севиља, сега член на Сао Пауло, Луис Фабијано доби втор жолт картон поради најглупавата симулација сезонава во Копа Либертадорес против Коринтијанс. Гостите притоа добија два црвени, а Сао Пауло победи 2-0.

На фаворитите им се брза, вечер на Леброн, Кари и Роуз

На Чикаго Булс му требаше две продолженија за да го совлада Милвоки и да поведе 3-0 во плејоф серијата. Леброн го водеше Кливленд до гостинско славје во Бостон, а Кари како по обичај лидер на Вориорс.

Фиорентина и Наполи поблиску до Варшава

Познати се полуфиналистите во Лигата на Европа. По вечерашните дуели, уште еден чекор од финалето ќе ги дели Наполи, Днипро, Севиља и Фиорентина. Шпанците водеа 0-1, па губеа 2-1 од Зенит, за да на крајот израмнат во финишот и обезбедат пласман во следната рунда.

Осврт на деветнаесеттото коло на Бизнис Лигата

Последното коло на Бизнис Лигата на Македонија ги одреди најдобрите осум компании кои ќе се борат за тронот во натпреварувачката сезона 2014/2015.

На судијата му падна шеќерот, па мораше да касне сендвич

Кога во маало има собиранка на фудбал има едно правило. Тој што носи топка никогаш не брани, туку тој што е најдебел. Во Германија правилата ги диктира еден судија која мораше да јаде за да преживее еден фудбалски натпревар.

Како Јунајтед го забележал Солскјер, а Реал Мадрид Рамос?

На непознатиот 23-годишен Норвежанец му беше доволен фантастичниот гол против Азербејџан да заработи повик од Олд Трафорд. Рамос едвај полнолетен го натера Касиљас да ја врати топката од својот гол.

10 прослави на Јирген Клоп

Бундеслигата сигурно ќе биде посиромашна доколку Клоп реши да се проба во странство. Кога соопшти дека дефинитивно си заминува од Дортмунд потсетивме на 10 негови изјави, а Бундеслигата на својот јутјуб канал ги собра моментите кои го изместиле од среќа.